Македонија
Героски за постот на Тричковски: Ова е говор на омраза што поттикнува на насилство
Новинарот Бранко Героски на својот профил на фејсбук пишува дека постот кој го објавил Бранко Тричковски е говор на омраза што поттикнува насилство.
„Кога ја сечев јапонската цреша во дворот на Моника Белучи, имав чувство како да му ја сечам главата на Владе Милчин. Имаат слична крошна, тврди се и бесплодни“, напиша Тричковски на фејсбук.
На ова Героски пишува:
„Ова не е само навреда. Ова е говор на омраза што поттикнува на насилство. Тие што го премолчуваат и органите што не реагираат се соучесници на ова зло и на овој срам“.