Македонија

Газдата на фризерницата им уплаќал пари на сметка, па барал да му се вратат во кеш?!

Повеќе лица ангажирани во проектот на фирмата „В.Е.З. Трејд“, регистрирана со дејност „фризерски салони и салони за разубавување“, која добила грантови од 270.000 евра од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, преку писма уште лани во април ја алармирале директорката на агенцијата Димова за можни злоупотреби со парите. „А1он“ дојде до овие писма, кои содржат обвинувања за пари исплатувани во кеш, нетранспарентност и немање увид во проектот финанисиран од Националната агенција, а кој го спроведувал сопственикот и управител на „В.Е.З Трејд“ Зоран Златковски.

Неколкумина ангажирани за „А1он“ тврдат дека побарале да бидат изземени од проектот поради сомнежи за незаконско работење, но никогаш не добиле одговор од директорката на Националната агенција, Лидија Димова. Тие побарале да останат анонимни, а нивните имиња се познати на редакцијата на „А1он“, исто како и целокупната документација со која располагаат. Во едно од писмата до Димова тие, пренесува „А1он“, укажувале дека не знаат кои обврски ги имаат во проектот, а Златковски им објаснил дека се дел од тимот поради компетентноста, нешто што се оценува и од евалуаторите, а влијае при грантирањето. Во дописот до Димова меѓудругото се наведува и дека Златковски преку „В.И.З. Трејд“ исплаќа пари на трансакциската сметка на ангажираната, а потоа дел од нив бара да ги врати назад во кеш. За неговиот чин, Златковски му велел на ангажираното лице дека средствата треба да ги врати бидејќи не му следуваат, иако исплатата се совпаѓала со договорот кој го потпишале…

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ.

Поврзани вести

Back to top button