Свет

ФОТО: Цел живот продавал јаглен а бил син на султан

Приказната која што ќе ви ја раскажеме денеска е како од турска серија. Главниот актер во неа е 64-годишниот продавач на јаглен Кит Вилијамс, кој открива дека всушност е син на малезиски султан.

Кит Вилијамс

Кит живее скромен живот во Велика Британија и дури не може ни да се каже дека е од средната класа – живее во две бараки, оставени од старателите што го посвоиле како дете, и се занимава со продажба на јаглен. Хроничните проблеми со грбот сепак го принудуваат мажот да се пензионира порано од предвиденото и откако останал без работа, одлучил да ги побара биолошките родители. Уште кога имал тринаесет години, неговата мајка му признала дека не му е биолошки родител и дека тој е посвоен.

Излегува дека Кит е син на еден од деветте султани на Малезија.

Азиската држава има интересно државно управување и е водена од 9 султани кои избираат на секои 5 години по еден од нив за врховен султан. Таткото на Кит е Идрис Искандар Ал-Мутауакил Алалахи Шах – еден од деветте султани на Малезија и врховен султан на државата Перак.  Кит, кој има три деца и шест внуци, признава дека со неговата сопруга ја барале биолошката мајка повеќе од две години. Сепак тие конечно успеале да ја најдат постарата дама по име Елизабет Росо, и да се сретнат со неа. Таа му ја раскажува на својот син приказната и признава дека неговиот татко е не кој и да е, туку султанот на една од најбрзо растечките земји во Азија.

Елизабет и Идрис се запознале во Лондон. Тогаш таа била медицинска сестра, а тој бил испратен да учи во еден од најпрестижните универзитети таму. Двајцата имале врска, но Кит вели дека не успеале да опстанат заедно. Иако поминале децении од тогаш, Елизабет се сеќава дека кога дознала дека е бремена му пишала на неговиот татко кој веќе заминал за Малезија, но не добила одговор од него и до ден денес претпоставува дека писмото не дошло до него. Таа одлучила да го даде своето бебе на посвојување, бидејќи имала само  дваесет години и не можела самата да се грижи за него.

Таткото на Кит, Идрис Искандар
Таткото на Кит, Идрис Искандар

Повратникот во Малезија, Идрис, станува султан на Перак во 1963 и управува до својата смрт во 1984 година. Таткото на Кит, Идрис Искандар Кит, кој го напушта училиштето на 15 години, за да започне со работа во фирмата за испорака на јаглен, признава дека приказната му звучи како бајка, па дури и не може да замисли колку би му бил различен животниот пат на неговиот посинок, ако израснеше во Малезија и беше еден од претендентите за тронот. Откако дознава која е неговата мајка, Кит решава да се поврзе и со роднините од страна на неговиот татко. По упорни и долги обиди, тој успева да се поврзе со еден од неговите браќа, кој изненадувачки ја прифаќа веста доста добро. Вилијамс решава да замине за Малезија, за да се сретне со своите роднини. Тој пристигна во азиската држава со еден од неговите синови, но дознава дека неговиот брат, со кој се допишувал, починал пред само една недела. Тој вели дека другите браќа, сестри и братучеди не го прифатиле добро и не сакале да се видат со него.

Кит со една од сестрите
Кит со една од сестрите

Кит претпоставува дека неговото семејство било загрижено „копилето“ да не покаже желби кон престолот или кон нивниот имот. Сепак една од неговите сестри, ја прифатила неговата желба за средба и го посетила во хотелот, во кој што тој престојувал.

64-годишниот Британец исто така открива дека кога медиуми дознале за неговото постоење, го прифатиле како големец и започнале да пишуваат за него, како и да му нудат гостувања во разни емисии. Додека престојувал во Малезија мажот успеал да ги посети и гробот на својот татко, како и поранешната палата, признавајќи дека самиот не можел да поверува дека сето ова се случува.

Кит на гробот на татко му
Кит на гробот на татко му

 

Поврзани вести

Back to top button