Свет

(ФОТО) Секс робинка била силувана 40 илјади пати: Ако земала пари ќе имала 1 милион долари

Секс робинка откри дека била силувана најмалку 40 000 пати за 10 години.

seks robinka1

Приказната на Мексиканката Алехандра Родригез започнува по вљубувањето во својот “принц” Франциско на 19 години, но кога се преселила во неговиот град Тенансиго, тој ја претворил во проститутка. Франциско станал нејзин макро и ја терал во тек на 10 години да има секс со непознати. Алехандра била злоупотребувана по 60 пати на ден, а му донела профит на Франциско од околу милион долари, без таа самата да добие дури и цент.

Алехандра Родригез смело ја сподели судбината за MailOnline, за да ги заштити другите жени од слична судбина.

Таа открива како еднаш еден од клиентите на макрото ја силувал додека во исто време и поставил цевка од револвер во нејзината уста. Тогаш Алехандра во целосен очај го замолила да притисне чкрапалото, за да може сè да се заврши.

Alejandra interview pix for Dan Sanderson

Alejandra interview pix for Dan Sanderson

Во почетокот нејзиниот “омилен” Франциско и ветил дека ќе се ожени со неа, но наместо тоа ја затворил во семејната куќа, каде заедно со татка си и мајка си ја принудиле да почне да проституира по 14 часа на ден.

Таа често водена на различни места низ Мексико, а еднаш и во САД, каде во исто време била и сведок на убиства на други девојки кои не издржале и се обиделе да избегаат.

На крајот, по 10 години сексуално ропство, Алехандра успеала да избега. Таа се уште со ужас се сеќава за стравот кој го чувствувла додека се обидувала да велезе во автобус за своето родно место.

Поврзани вести

Back to top button