Фото
ФОТО: По третото породување Соња Тарчуловска се враќа во топ форма!

Популарната македонска фолк-пејачка Соња Тарчуловска, кон средината на месец јуни годинава стана мајка по третпат.

Оттогаш, таа е посветена на семејниот живот и децата, а посебно на најмалата Јоана.
Судејќи според објавената фотографијата на Фејсбук на која покажа како се дотера со професионална шминка и фризура, Соња најверојатно за празничниот период повторно ќе ја активира својата кариера.
Пред извесен период, пејачката заедно со своите најблиски го прослави роденденот на сопругот Јохан, а за таа прилика избрала елегантно издание од црна тоалета која одлично и прилега на заслебената фигура.
Извор: Вистина.мк