Фото: Ослабела неверојатно многу и тоа и го уништило бракот!
Прекумерно дебелата жена која била инспирирана да ослабе 30 килограми, откри дека нејзиниот нов здрав начин на живот и го уништил бракот.
Имено, Ангела Крикмор (36) од Лондон, која тежела 85 килограми, вели дека кога била дебела постојано се чувствувала уморно и се борела кога требало да испешачи на поглеми дестинации.
И покрај тоа што била природно слаба кога била млада и одела на училиште, оваа мајка на едно дете, која е висока 153 сантиметри, качила многу килограми за време на нејзините 20 години.
Таа толку била очајна да ја намали својата тежина, што во еден момент размислувала и за гастричен бајпас.
Но, и покрај тоа што нејзините пријатели ја охрабрувале да направи нешто во врска со својата тежина, Ангела вели дека била среќна.
“Се чувствував убаво. Мојот сопруг мислеше дека сум убава. Но, притисокот од пријателите и семејството ме направи да се сомневам во тоа”, вели таа.
До декември 2011 година, таа уживала со сопругот во храната и излежувањето пред телевизор, се додека не дошла некоја пријателка која ослабела кај неа на гости. “Си помислив – ако може таа, можам и јас”, вели Ангела.
Нејзиниот нов начин на живот подразбирал и нов начин на исхрана, што не им се допаднало на нејзиниот сопруг и синот Луј. Ангела вели дека нејзиниот нов начин на живот создал јаз помеѓу неа и сопругот, кој не ги делел со неа истите приоритети.