Фото
Фото: Љубов која трае 70 години, а поминала низ војни и болести
Секоја годишнина од бракот е вредна за славење, но 70 годишнината од бракот на еден кинески пар е навистина посебна.
Ванг Деји (98) и Цао Јуехуа (97) се венчале во 1945 година. Имаат четири деца кои оваа година им помогнаа да ја рекреираат свадбената фотографија која настанала пред 70 години.
“Моите родители имаат 98 години. Заедно се толку долго, заедно преживеаја војни, политички превирања и болести, но се уште се заедно и се уште се сакаат. Сакавме да им помогнеме да и оддадат почит на својата љубов”, изјави за CNN нивниот најстар син Цао Панпеи.