Фото
Фото: Каролина во бикини го загреа Мајами
Каролина Гочева одлучи 2016 година да ја започне во раскошен стил. Поп дивата после сите работни обврски си дозволи одмор каков што заслужува.
Таа деновиве ужива на Мајами. Сигурни сме дека сонцето, океанот и недогледните плажи ќе ја наполнат Каролина со енергија, а таа по враќањето ќе не чести со нови поголеми и уште подобри музички проекти.
Од престојот таму Каролина прикачува фотографии на социјалните мрежи, а најскокотлива е онаа во бикини.
Ова никој не го очекуваше со оглед на тоа што иако порано Каролина има позирано за македонскиот Плебој, како и за провокативниот календар на Пелистерка, во последно време речиси никогаш не ја гледаме во разголено издание.
Македонското девојче покажа дека се уште е во одлична телесна форма.