Мистерии

ФОТО: Како навистина изгледаат црните дупки?

Црните дупки отсекогаш биле предизвик за научниците. Што е досега откриено за нив?

„Постојат силни докази дека црните дупки постојат, но нема директни фотографии“, вели Питер Едмондс од НАСА.

Секоја фотографија што сме ја виделе од црна дупка во вселената е само илустрација, пишува Vox. Најголемиот проблем во обидот на детектирање на црна дупка е што релативно тие се многу мали

„Најголемата што ја откривме е црна дупка во средиштето на нашата галаксија. Фотографирањето на таква појава би било исто како кога од Земјата би можеле да фотографираме DVD на површината на Месечината“, вели астрофизичарот Димитриос Псалтис  од Универзитетот во Аризона.

Поради силната гравитација црните дупки се опкружени со светла материја, а тоа го отежнува откривањето.

Но, постојат индиректни фотографии од црни дупки направени од вселенскиот телескоп Chandra X-ray Observatory. Еден од доказите на постоење црна дупка во центарот на Млечниот пат е ова тајмлапс видео.

Поврзани вести

Back to top button