(ФОТО) Идна професорка на сајт за елитна проституција
Од пред два дена животот ми се претвори во кошмар. Ми се јавуваат пријатели, познаници, колеги за да ме прашаат зошто сум го направила тоа. Најтешко ми е поради родителите, ме воспитуваа во патријахален дух, а сега испаѓа дека сум ги посрамотила, ни крива ни должна.
Ова го зборува Милица Илиќ(24), апсолвент на факултетот за книжевност во Ниш, чија фотографија се нашла на сајтот за елитна проституција со профил екскорт дама „Lux Milica“.
На тој профил пишува дека еден час секс го наплаќа 200 евра, додека пак 24 часа поминати со неа чинат 1.200 евра. Дека нејзината фотографија е на најлош начин злоупотребена дознала од еден свој пријател.
– Тој ми се јави и ми кажа дека преку Вибер добил моја фотографија од тој сајт на кој се нудат сексуални услуги. Кога погледнав се шокирав. Тоа што искусно око може веднаш да го види е дека е во прашање лоша фото-монтажа, односно дека моја фоографија од Фејсбук е намонтирана на фотографијата на профилот „Lux Milica“, ми е слаба утеха. Според некои мои сознанија, моите фотографии се делат по цела Србија. Постојат информации дека се започнало од Белград. – зборува огорчената девојка.
Како што вели, пробува да утврди од каде нејзнината слика се нашла на овој сајт за продажба на сексуални услуги.
-Утврдив дека не постои мој профил, дека само непознат почетник лошо ја намонтирал мојата фотографија, искористувајќи го фактот дека имаме исто име и години. Многу сум потресена. Ќе поднесам кривична пријава против НН лицето поради нарушување на идентитет, злоупотреба на моја фотографија и загрозување на мојот мир и углед. Бев во полицијата во Ниш и во обвинителството и очекувам дека тие ќе реагираат по моите пријави и ќе го пронајдат оној кој ми го направи ова за да ја измијам лагата од моето име- вели Милица.
Таа вели дека не знае поради што и е сторено ова, бидејќи со никој се нема замерено.
– Не можам да се сетам кој би можел да ми го стори ова. Пред две години некој отвори лажен профил на Фејсбук на мое име, но реагирав и администраторите го избришаа. Ништо сомнително ми се нема одамна случено. Најстрашно е тоа што наскоро треба да започнам да држам часови, планирам веќе во април да ги подготвувам учениците за приемен Но како ќе ме гледаат мене учениците и нивните родители после ова што ми се случи- загрижено сподели идната професорка.
Има уште лажни профили
Милица вели дека спровела сопствена истрага и се обидела да утврди од каде она се нашла на сајт за проституција, со што се шокирала од фотографиите кои ги видела од други девојки кои ги снашло исто што и неа.
-Една од нив ја познавам. Ја известив за ова. Очекувам дека ќе ми се придружи и она за да го пронајдеме оној кој се обидува да ни ги уништи животите- најавува Милица.