Фото

Фото: Дедо Мраз легна на подот за да си поигра со аутистично дете

Добродушен Дедо Мраз се повлече од својата удобна фотелја во трговски центар и легна на подот за да си поигра со аутистично дете и да му покаже дека тоа може да биде забавно искуство.

дедо

Кога срамежливиот Брајден Дили започнал бавно да се приближува кон местото каде седел Дедо Мраз, тој не чекал момчето да отиде и да му седне во скутот, туку веднаш се спуштил на подот и започнал да го забавува малото детенце со новогодишните играчки.

дедо1

„Тој се спушти на својот стомак и почна да си игра со него. Тие не ни зборуваа меѓусебно, навистина, тие се поврзаа и играа. Брајден започна навистина да се возбудува и гледаше во него и се смееше“ – рекла Ерин, мајката на Брајден.

На крајот радосното момче не сакало да си замине и сакало неговата дружба со Дедо Мраз да потрае. Ерин изјавила и дека ова било навистина специјален подарок од Дедо Мраз за целата нивна фамилија.

дедо2

Ерин изјавила дека ова е првата слика од Брајден со Дедо Мраз. На малото момче му бил дијагностициран аутизам пред да наполни три години.

„Мислев дека никогаш нема да ги направиме овие фотографии од него, бидејќи тој не може да се справи со бучавата и притисокот. Тој се вознемирува кога ќе му речеш да се насмее, тоа е премногу за него“ – рекла Ерин за People.

дедо3

Шестгодишното момче се запозна со Дедо Мраз преку програма која им овозможува на децата со аутизам да се сликаат со него откако ќе се стиши вревата во трговските центри, кога продавниците ќе затворат.

„Знаеме дека за некои деца со аутизам, помислата за одење во трговски центар и во средина на која не се навикнати, има многу сензорни предизвици“ – рекла Лиза Горинг, објаснувајќи зошто ја започнале оваа програма.

дедо4

Горинг е една од заслужните лица за ваквите средби кои радуваат стотици аутистични деца и дечиња со посебни потреби.

Поврзани вести

Back to top button