Флашираната вода не е обична вода – еве што содржи
Водата содржи две состојки – водород и кислород. Ситуацијата со флашираната вода е малку посложена, бидејќи нас производителите со децении не наведуваа на погрешна трага. Сите се горе-долу исти, но најлош пример е водата “Дасани”.
Кога ќе го земете шишето вода најчесто на него пишува “прочистена вода збогатена со минерали”, но погледнете што всушност се наоѓа во фабрички спакуваната вода.
Вода од водовод
Нејзиниот производител признава дека “Дасани” ја полнат од “чешма”. Ако ви одговара да пиете исклучително скапа вода од водовод, само продолжете. Меѓутоа, имајте на ум дека тоа е лош избор кога станува збор за здравјето, но и заштитата на животната средина.
Магнезиум-сулфат
Магнезиум-сулфатот не е состојка која би требало да се наоѓа во водата. Зошто? Затоа што станува збор за лаксатив и таканаречен десикант, агенс за впивање на водата. Основниот пијалок за гаснење на жед содржи агенс за впивање на водата? Зошто?
Калиум-хлорид
Калиум-хлоридот најчесто се користи во вештачките ѓубрива и смртоносните коктели за извршување на смртни казни. Интересен додаток за флаширана вода, зар не?
Не е баш јасно зошто овие хемикалии се додаваат во водата. Оваа состојка се поврзува со можни проблеми со цревата, срцева аритмија, слабост на мускулите, дијареа и оштетен нервен систем. Еве уште нешто што не знаеме – колку од оваа супстанца “Кока-кола” додава во својата вода.
Сол
Иако главно не е опасна, солта може да предизвика здравствени проблеми ако пиете многу флаширана вода во текот на денот, особено ако патите од срцеви заболувања или висок крвен притисок.
Заклучок?
Тажна е реалноста дека денес ретко можете да дојдете до добра вода, но флашираната вода не е добра алтернатива за онаа од чешма. Затоа ви препорачуваме наместо да купувате вода, вградете филтери за прочистувања на водата од водовод.