Македонија

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против Никола Тодоров и Панче Кралев

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против поранешните министри за образование Никола Тодоров и Панче Кралев и против И.Е. – поранешен советник за капитално инвестирање во Министерството и Н.Х. – овластен раководител на сектор во МОН под сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување со што го оштетиле државниот Буџет за речиси 80.000 евра.

Поврзани вести

Back to top button