Живот

Еве што се случува во вашиот организам доколку голтнете мастика

Доколку голтнете мастика ќе бидат потребни седум години таа да помине низ вашиот дигестивен систем, а може и во најлош случај таа да се замота околу вашето срце, или барем така велат. Меѓутоа, се работи за урбан мит.

Што навистина се случува кога ќе голтнете мастика?

Мастиките се прават од гумена основа, засладувачи, бои и состојки што и’ даваат вкус. Гумената основа не се јаде, а во повеќето случаи желудникот не е во состојба да ја разгради мастиката како што е случај со основните намирници.

Меѓутоа, постои друг начин на кој дигестивниот систем се справува со работите што ги голтаме.

Желудникот само ги поместува низ цревата се’ додега не стигнат до самиот крај кога ги исфрламе од организмот по природен пат. Иако мастиката е леплива, таа, сепак, не е дорасната за дигестивниот систем.

Системот, сепак, може да биде нарушен од мастики доколку се во прашање поголеми количини. Тоа предизвикува застој претежно кај малите деца чии црева се значително помали, но тоа е многу ретка ситуација.

Џвакањето мастика создава брчки

Угледниот американски дерматолог Џенет Ву, вели дека освен класичните причинители, на појавата на брчки влијаат и уште неколку работи кои редовно ги правиме како што се: спиењето на едната страна од лицето, пиењето пијалак низ пластична цевка, како и константното џвакање мастика, кој е еден од големите предизвикувачи на овие непосакувани црти на лицето.

Како што тврди Џенет, секојдневното џвакање мастика доведува до премногу муртење кое создава брчки околу усните и опаѓа тонусот на мускулите околу устата, кои е тешко повторно да се подигнат. Доколку обожавате да џвакате мастика, редно време е да престанете да го правите тоа премногу често или целосно да се ослободите од оваа бескорисна навика, која предвреме го старее вашето лице.

Поврзани вести

Back to top button