Екстремната десница води на изборите во Шведска
Шведската националистичка анти-имигрантска партија води на парламентарните избори во земјата, додека доскорешните водечки партии речиси како да отидоа во ќорсокак. Демократите на Шведска (СД) се очекува да добијат 19, 2 отсто од гласовите.
Партијата, која премиерот Стефан Лофвен ја опиша како „расистичка“, доби 12, 9 од гласовите од претходните избори. Ниту Социјалдемократите кои се на власт, ниту централно-десничарскиот блок не се очекува да освојат мнозинство.
Според анкетата на јавниот сервис ЦВТ, централно-десничарската алијанса освои 39, 6 отсто од гласовите, а социјалдемократите, Зелените и лево ориентираните партии освоија 39, 4 отсто.
Имиграцијата беше централна тема за време на кампањата.
Премиерот ја обвини СД за екстремизам и кажа дека гласот за нив е опасен. Премиерот во заминување води влада со малцински коалции, која ја сочинуваат неговата Социјалдемократска партија и Зелената парија.