Македонија

Двојни аршини на судството: Случајот со претепаното момче кое е во кома е физички напад, а случајот со Села обид за убиство

Никола Саздовски, верен навивач на Вардар и дел од навивачката група Комити се бори за својот живот на КАРИЛ на Клиничниот Центар во Скопје, откако бил претепан од страна на четири непознати лица во населбата Автокоманда. Саздовски бил пресретнат од страна на четири непознати лица кои се наоѓале во моторни возило, кои крвнички го претепале. Младото момче било тепано со метални шипки, но кобен бил падот на тротоарот предизвикан од ударите по што се онесвестил. Според неофицијални информации се работи за групата напаѓачи е блиска до ДУИ. Најновите информации за состојбата на момчето е дека тоа се наоѓа во критична состојба, во состојба на мозочна смрт.

Според наводните пронајдени се тројца напаѓачи, Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје, но како што велат информациите од Обвинителството, нема доволно докази дека се работело за обид за убиство и од таму се третира како обично физичко насилство.

Доколку се направи споредба на овој случај со случајот на Села, во кој судот досуди неверојатни 81 година затвор за луѓето кои влегоа во Собрание, двојните аршини уште еднаш се покажаа како судска пракса на македонското судство.

После овој случај во јавноста од многумина се поставува едно единствено прашање, дали живот на Села вреди повеќе од животот на младиот Саздовски?

Поврзани вести

Back to top button