Македонија

„Движење за Илирида“: Албанците ќе бојкотираат било каков референдум за името

Албанците не се во статична ситуација, ниту пак во хибернација како што сакаат да се претстават на домашната и меѓународната јавност. Албанците се политичка и економска сила. Со внимание ги следат политичките случувања за иднината на земјата, исто така ги анализаат формите и начини на обидите за организирање на референдум за преименување на името Република Македонија.

Организаторите треба да имаат претходно познавање за волјата на Албанците да учествуваат на референдумот, соопштуваат од „Движењето за Илирида“.

„Движење Илирида“ ќе се обрати на „населението на Илирида со барање за бојкот на каков било референдумот, ќе се бара од Албанците да дејствуваат мудро бојкотирајќи го референдумот, како што го бојкотираа референдумот за независност на Република Македонија“.

-Албанците немаат потреба од туѓи референдуми, но имаат потреба од забрзување на процесот за спроведување на својот референдум, во 1992 година, каде што одѕивот на референдумот беше 98%, од Куманово па се до Преспа. Со овој чин ја дадоа својата одлука за вистинската желба за функционирањето на заедничката државата, во која Р. Илирида и Р. Македонија се еднаки. Ова е последната опција на Албанците, за било која друга опција Албанците на Илирида нема да се вклучат, се вели во соопштението на Движењето за Илирида од страна на основачкиот Совет, се вели во соопштението.

Поврзани вести

Back to top button