Македонија
Две малолетни деца пронајдени заборавени во автомобил во скопски Аеродром
Две малолетни деца биле најдени оставени сами во автомобил на паркинг на булеварот „Видое Смилевски Бато“, објави „Република.мк“. Граѓани алармирале за случајот и повикале полиција.
Неофицијално, еден од очевидците на настанот го скршил стаклото за да ги извадат дехидрираните деца од автомобилот.
Децата се братче и сестриче, едното на три, а другото на седум годишна возраст. Децата се префрлени на клиника.
Случајот го потврдиле и од МВР, пипува „Република“.
Се уште не е познато колку време биле оставени децата сами на топлото време во загреаното возило. Ќе се врши увид за настанот.