Свет
Двајца мажи јавно стрелани поради групно силување на 12-годишно девојче
Стrелачки вод погуби двајца мажи на североистокот на Сомалија поради групно силување на 12-годишно девојче.
Ајша Илиас Аден е групно силувана и убиена во близина на својата куќа во регионот Пунтланд во февруари минатата година, а за силувањето осомничени се десет мажи.
Овој случај предизвика протести ширум земјата. Од десетмината уапсени, тројца се осудени, а обвинителството во случајот се потпира на ДНК докази.
Таткото на убиеното девојче изјави дека барал да се одложи стрелањето за десетина дена.
-Ова погубување ќе послужи како силна порака, а сомалиските девојчиња ќе бидат сигурни, истакна тој.
Семејството на убиеното девојче бирале кои луѓе ќе бидат дел од стречкиот вод и ќе ја изврши смртната казна за силување.