Дрогиран спиел зад волан додека полицијата го бркала неговиот автомобил
Во близината на германскиот град Бамберг, возач на автомобил „Тесла“ го препуштил возењето на паметниот систем за автономно возење и предизвикал 15-минутна потера.
– Возачот околу пладне се движел по автопатот А70 од Бамберг кон Бајројт, кога полициската патрола сакала да го подложи на редовна сообраќајна контрола, се вели во полицискиот извештај.
Во извештајот се наведува дека електричниот автомобил го држел истото растојание од патролното возило во поголемиот дел од потерата, а кога полицијата конечно го стигнала, го видела возачот „со затворени очи, потпрен назад на седиштето“ и дека неговите раце не биле на воланот.
По 15-минутна бркотница на автопатот со пуштени сирени, возачот конечно се разбудил и го запрел возилото. Полицијата соопшти дека 45-годишниот маж во автомобилот „Тесла“ „прикажал абнормалности типични за употреба на дрога, што сугерира дека бил под дејство на некоја супстанца.
Полицијата пронашла и тег за волан во просторот за нозете, што објаснува како функционирал автопилотот кога рацете на возачот не биле на воланот. Имено, „тег на волан“ е производ што го продаваат независни трговци на мало, кој се прикачува на воланот за да го измами автомобилот дека возачот го држи воланот.
Во извештајот се наведува дека против возачот на автомобилот „Тесла“ е покрената прелиминарна истрага за загрозување на патниот сообраќај. Во меѓувреме, возачот морал да ја предаде возачката дозвола додека се чека конечната одлука на судот.