Македонија
Драги Рашковски оди во куќен притвор
Апелацискиот суд одлучи да му овозможи на осомничениот Драги Рашковски, од ефективен притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари да оди во домашен притвор.
Рашковски понудил половина милион евра како гаранција, но судот понудената гаранција воопшто не ја разгледувала. Второстепениот суд смета дека се уште постои опасноста тој да влијае на сведоците или на истрагата.
Од Апелацискиот суд во Скопје објаснуваат дека гаранција се прифаќа кога се укинува притворот без разлика дали е ефективен или куќен, па со оглед дека е донесена одлука Рашковски да замине во куќен притвор апелациските судии воопшто и не ја разгледувале.