Македонија

Драган Ковачки предложен за нов министер за внатрешни одликуван за Македонија

Драган Ковачки е решението кое го предлага лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за прв човек во Министерството за внатрешни работи. Ковачки е ново лице во политиката, а се работи за човек професионалец од сферата на безбедносните политики.

Ковачки доаѓа од АРМ и е со чин полковник, а претходно има поминато низ сите скалила. Учесник во повеќе мировни мисии на НАТО силите и е одликуван со ордени и заслуги за државата.

Има завршено повеќе високи школи и обуки во Сад и Европа. Има завршено на Кралски колеџ за одбранбени студии во Велика Британија, Командно-штабна академија во Р. Хрватска и Воена Академија во Р. Македонија.

Има успешно завршено обуки во Велика Британија за стратегиско лидерство и контраразузнавање, во САД за стратегиско разузнавање и анализа, како и обуки за борба против тероризмот. Бил дел и од обуките на НАТО алијансата па има успешно завршено обуки за команданти на НАТО, НАТО обука во Германија, НАТО обука за офицери во Шведска, и повеќе други во Турција, Бугарија и други земји.

Има поминато низ повеќе скалила во АРМ, како што се специјалните сили и другите сектори. Бил командант на 1. механизирана пешадиска бригада , началник на секција за операции и борбена готовност во 1. механизирна пешадиска бригада, раководител на Сектор-Служба за воена безбедност и разузнавање во МО, началник на одделение за контраразузнавање во воената служба за безбедност и разузнавање, офицер за разузнавање и вршител на должност началник на секција за безбедност и разузнавање во полкот за специјални операции, офицер за специјални операции и за разузнавање во мисија Слобода за Ирак-1, Командир на противтерористички тим во 6. одред и други функции.

Одликуван е со признанија за својата работа како што се: Плакета на АРМ за учество во мисија „Слобода за Ирак-1“ , Пофалница за остварени резултати во процесот на борбена обука и воспитување, медал на командно-штабната школа во Р. Хрватска. Родител е на две деца, и е од Скопје.

Поврзани вести

Back to top button