Македонија

Доктор Аголи за „А1он“: Доктор беше заразен па се проверивме и ние, не се плашам за мене туку за мајка ми

Докторот Арбен Аголи, педијатар од Дебар кој е заболен од коронавирусот заедно со уште еден доктор и три медицински сестри, за „А1он“ вели дека немал никакви симтоми, а тестиран бил откако претходно позитивни биле тестовите на неговиот колега кој работел во дебарската болница. Аголи вели дека состојбата со коронавирусот треба да се сфати сериозно, бидејќи не е шега, а посебен апел упатува до младите.

„Јас се чуствувам одлично. Добар сум. Немав никакви симтоми. Практично, имав контакт со колега кој прв беше позитивен на коронавирусот. Тој имаше контакт со пацинетите во болницата. Ние сме педијатарска амбулната, каде работиме јас и три медицински сестри. Никој од нас немаше симтоми и тоа е чудната работа. Докторот кој беше прв заболен ми се жалеше дека нема апетит, беше ‘овенет’, јас му реков ‘Докторе, ајде направи еден тест, провери се’, тој не сакаше. Потоа направи и беше позитивен. Затоа се тестирав јас и медицинските сестри“, објаснува докторот Аголи за „А1он“.

Запрашан дали позитивниот тест на коронавирус му предизвикува страв, тој вели „Мене не, но се секирам за мојата мајка која е постара, има над 80 години и пие куп лекови. Веднаш преземав мерки за неа, носи маска, се храни посебно и така натаму. Но, не се секирам за жена ми, синот снаата. Само за мајка ми, поради нејзината возраст“.

Повеќе на А1он тука.

Поврзани вести

Back to top button