Живот

Доаѓаат застрашувачки супербури, ќе бидат неверојатно моќни

Научниците размислуваат за воведување на нова, шеста категорија на бура, предвидувајќи дека во иднина може да не’ очекуваат бури какви досега сме немале прилика да видиме.

Најстрашната позната бура во светот се случила во 1790 година, при што загинале 22 илјади лица.

Се’ почестите разорни урагани се резултат на глобалното затоплување, но сега се врзани за тропските и суптропските предели. На Балканот нема да ги видиме во скоро време, но нивната сила може да се почувствува според ударите на орканските бури кои имаат слична брзина.

Највисоката, петта категорија на бура подразбира ветер со брзина поголема од 250 километри на час кој со својата разорна сила може да уништи градови. Најчесто станува збор за силни тропски бури.

На истокот од САД, Југоисточна Азија и на северот од Австралија, тие бури се нарекуваат урагани, а во Индија и Кинеското море ги нарекуваат тајфуни. Ураганот или тајфунот треба да има одредени предуслови за неговото настанување бидејќи тие настануваат на големите подрачја од океаните, најмалку 250 милји оддалечени од копното.

Научниците тврдат дека бројот и јачината на ураганите е се’ поголем во однос на претходните години, и дека по тоа прашање не не’ очекува светла иднина.

“За да се развие ураган или тајфун, површинската температура мора да биде над 26 Целзиусови степени. Ветрот кој дува во последните десет километри од атмосферата мора да биде во рамки на брзина од 10 метри во секунда и не смее да го менува правецот. Тогаш доаѓа до размена на топлината и влажноста помеѓу горниот океан и долната атмосфера”, објаснува проф. Бранко Грисогоно.

“Покрај ротацијата на Земјата, започнува и ротација на ветрот. Доколку условите се и понатаму непроменети, бурата прераснува во се’ поголем тропски циклон, односно ураган. Притисокот во средиштетот на бурата е многу низок, а ветрот е слаб. Иако ветрот зајакнува од периферијата до центарот на бурата, во самото средиште е многу мирно”, додава професорот.

Потребни се десет дена за да се развие моќен тропски циклон од почетниот стадиум на бура, а постојат примери кога тој процес траел и повеќе од оваа временска рамка. Во последните 20 години се зголемил бројот на урагани и тајфуни кои се поврзуваат со глобалното затоплување, меѓутоа станува збор за релативно краток временски период за да постојат конкретни докази за ваквата поврзаност.

Мерењата постојат околу 200 години, а претпоставката на научниците е дека ураганите постојат веќе неколку илјади години или барем од времето откако климата станала слична на денешната.

Се смета дека најмоќната тропска бура се појавила во Малите Антили во октомври 1790 година, кога загинале повеќе од 22 илјади луѓе. Токму таа бура станала појдовна точка за размислувањата на современите светски научници за супербурите.

“Денес, во комбинација со се’ потоплите океани, низ атмосферата циркулира помеѓу пет и осум отсто повеќе водена пара отколку претходно, а со тоа се создаваат услови за настанување на суперолуја каква што не сме виделе досега”, тврди американскиот метеоролог Џеф Мастерс. Тој со тоа докажува дека моменталната поделба на бурата на пет категории не е доволна и дека мора да се размисли за потенцијалот на ураган од шеста категорија.

Поврзани вести

Back to top button