Македонија

Дивата платформа на Матка место да се сруши се доградува- дивоградбата доби и ограда

Не само што не се урива дивата платформа на Матка, туку таа и се доградува, иако дивоградба таа доби ограда, маса и клупи. Пред повеќе од два месеци министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кажа дека доколку општината Сарај не ја сруши, тогаш ќе мора да постапи Државниот инспекторат за урбанизам.

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети минатиот месец рече дека општината не постапила по барањата за легализација на платформите на Матка, оти тие не стигнале на дневен ред. Телевизија Алфа се обиде денеска да стапи во контакт со него.

Останавме покуси за одговорот зошто општината не реагира на поставената ограда.  Беџети пред два месеци кажа дека не може да ги сруши платформите иако се дивоградби, бидејќи веќе било поднесено барање за легализација.

-Додека не донесеме одлука дека го одбиваме барањето за легализација и да завршат процедурите за жалби не можам да урнам. Јас треба да работам согласно закон, а не да пресудам со еден збор. Кога ќе каже законот тогаш ќе ги урнеме. Јас мора да бидам претпазлив да не тужат, иако сметам дека правно не можат да не добијат на суд, изјави Беџети на 21 март 2019 година.

Откако скопскиот градоначалник Петре Шилегов го повика Беџети да си ја работи работата за која е избран од граѓаните, првиот човек на Сарај му порача да си ги гледа своите надлежности и да не се занимава со оние на Општина Сарај.

Матеја Петровски за Алфа

Поврзани вести

Back to top button