Македонија
Директорката на Клиниката за кожни болести заразена со коронавирус (ВИДЕО)
Директорката на Клниката за кожни болести е четвртиот потврден случај заболен од коронавирусот во земјава. Таа пред една недела допатувала од Италија и изминатите пет дена редовно одела на работа, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Добро е што колешката не била изминатите денови во амбуланта, рече Филипче и изрази огромно разочарување од непочитувањето на препораките од страна на здравствен работник.
– Таа е стабилна и има лесна клиничка слика, додаде Филипче на прес-конференција во Владата.