Диме Спасов трошел државни пари по познати ресторани и ноќни клубови
Најмладиот министер во претходната влада, Диме Спасов, чија кариера заврши со филмска бркотница низ скопските улици – службената картичка ја користел за да плаќа од ќебачилници низ земјава па се до елитни ресторани низ светот, пренесуваат 24 вести.
Во март 2015 година, Спасов бил во ресторанот на Џејми Оливер во Лондон. За да ги вкуси специјалитетите на светски познатиот готвач потрошил двесте евра. Министерот сакал и журки. Со народни пари си платил забава од двесте четириесет долари во познатиот клуб Паблик Хаус во Чикаго. А потоа, ноќта ја поминал во хотел Хард Рок во истиот град за што платил уште 440 долари.
Се забавувал и во Женева, Прага, Виена, Торино, Будимпешта, Загреб, Љубљана и секаде ја користел службената картичка. За ручек во Будимпешта во ресторанот Ла пампа, платил 300 евра. Во хотелот Шеретон во Софија напрвил сметка од 2.000 денари. Бил во белградскиот ресторан Три шешира, каде оставил речиси 5 илјади денари.
Службената картичка е користена и во очи на Нова година. Па така, на 31 декември 2014 година, Спасов, во кафулето Риверсајд Санрајс во Скопје потрошил десет и пол илјади денари.
Со службената картичка тој нарачувал и пици. Често пати јадел во познатите кебапчилници низ Скопје, но не ги одминал ниту познатите Суши бар, Џино, Брик бар, Јавна соба, Меана Б. Најмногу државни пари потрошил во рибниот ресторан во Дебар маало, Фрути Ди Маре. Таму оставил околу 2 илјади евра, а често одел на риба во ресторанот Галија во струшкото село Калишта.
Со службената картичка плаќал и во Мек Доналдс во Женева, но и во пицерии и ресторани во Торино. Според извештаите за трошењето Диме Спасов последен пат ја користел службената картичка како министер за да плати сметка во скопскиот ресторан Јавна соба.
Повеќе на 24 Вести