Џевад Исени: Или си Македонија или не си, дајте да ставиме крај на корупцијата
Џевад Исени кој последниве денови предизвикаа лавина од коментари на искрени и чесни граѓани на Македонија се заблагодари за поддршката повторно се обрати на Фејсбук
Тој вели дека деновиве најчесто го прашуваат дали ова што го говори е вистина и тој одговорил потврдно
Би сакал да потенцирам дека мене воопшто не ми е битна ниту партија, ниту функција, битна ми е Македонија и граѓаните на Македонија. Во овој момент Владата која ја водат мислите дека ја водат Македонци, или лидери кои помеѓу себе се крчмат, и тоа оној малку имот што ни остана.
Разбуди се Македонијо, разбуди се Македонски народе, без разлика на етничка, верска и национална припадност, па ниту партиска обоеност.
Додека двете македонски партии помеѓу себе вадат очи, трета товари товар со мали пиуни од ЕУ. Или си Македонија или не си, втора опција нема.
Народов наш златен и напатен е свесен што ни се случува, и секојдневно живее во голгота на сиромаштија, не само во време на пандемија, туку и во сиромаштија која ја живее многу години.
Дајте да ставиме крај на корупција, на криминал, на политики кои провидно продаваат покрај, нас, а ние молчиме. Но, од сега нема молчење.
Македонија е вечна и света татковина 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Ејјјј до кога и до каде вака 62 пратеници
Само двајца се клучни едниот вика еден ден ке излезам другиот вика другиот ден.
А народов во без излез.