Живот

Џемаили одлучил да се разведе од албанската манекенка поради провокативни фотографии

Ерјона Сулејмани, албанска манекенка, е поранешна сопруга на швајцарскиот репрезентативец Блерим Џемаили, кој е роден во тетовско Боговиње.

Во 2016 на ЕП беше прогласена за најатрактивна навивачка на трибините. Во меѓувреме се разведе од Џемаили, кој пред неколку дена одлучи да замине од Болоња и кариерата да ја продолжи во Кина,

Таа поради него го засакала фудбалот, а и по разводот тоа не се сменило. Наводно на разводот кумувале провокативните фотографии и сесии кои ги објавувала на социјалните мрежи. Кога за италијанските медиуми зборуваше за тајните од спалната соба, изјавила дека Џемаили не е баш добар во креветот, а тоа наводно ја прелило чашата.

-Односите во кревет пред мечевите? Фудбалерите не се баш некои љубовници во креветот. Тие повеќе тоа сакаат да го прават сами, изјавила Ерјона, а Џемаили по ова станал главна тема на социјалните мрежи, а дури и се шегувале со него соиграчите во соблекувалната.

Атрактивната Албанка воедно откри како се запознале.

-Го запознам за време кога станав мис на Албанија. Кога ми рече дека е фудбалер, си помислив: Леле, не сакам да бидам со тебе. Денеска, кога сум слободна и среќна жена, сфатив колку е тежок животот на сопруга на фудбалер. Го жртвуваш својот живот, менуваш држави, градови, работи. Тој е татко на моите деца и го почитувам. Сакам да го постигне она што тој го сака, но повеќе не го сакам него, вели Ерјона.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button