Живот

Џејми Оливер по петти пат ќе стане татко

Џејми Оливер наскоро ќе го добие своето петто дете. Славниот готвач и неговата сопруга Џулиет Нортон објавија дека очекуваат нов член во семејството.

Парот веќе има четири деца – три девојчиња и едно момче.

Би било убаво да избалансираме. Малку повеќе тестостерон веројатно би било добро, но знаете што, ќе бидам благодарен што и да добијам ако е здраво, го мислам тоа искрено,  изјавил Оливер.

Џулиет и Џејми беа фотографирани на лондонската премиера на „Eddie The Eagle“, каде беше видливо нејзиното трудничко стомаче. Тие се во брак 15 години.

Поврзани вести

Back to top button