Македонија
Девојки од Косово и Албанија на „печалба“ во полошко
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово – Полициска станица Гостивар вчера од 22:00 часот до утринава во 4:00 часот извршиле акциска контрола во угостителски објект во селото Равен, сопственост на 42- годишниот Ј.А од Гостивар.
„Во угостителскиот објект биле затекнати осум странски државјанки, од кои седум од Република Албанија и една од Косово. Тие и сопственикот биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка“ се вели во соопштение од полицијата.