Дански власти почнаа да ги казнуваат жените за носење бурки
рва е казнета една 28 годишна жена која не сакала да го симне ниџабот од лицето во трговски центар. Таа добила казна од 1 000 дански круни (155 амњерикански долари) . Полицијата ја видела жената на безбедносните камери и ја опоменала дека ќе биде казнета доколку не го симне велот од лицето ,но таа не сакала да послуша. Од таму порачуваат дека секој што на јавно место ќе биде виден со бурка или на друг начин покриено лице , ќе биде казнет според законот за забрана за носење бурки.
Вчера во трговскиот центар во Хоршолм на 25 километри северно од Копенхаген изби инцидент , кога жената не сакала на јавно место да ја симне бурката .
Муслиманските жени изјавиле дека по никоја цена нема да ги симнат бурките од лицата , без оглед што казните за повторен престап изнесуваат 10 000 круни (1500 долари ).
Слични закони за забрана за носење бурки се донесени во Франција , Австрија , Бугарија и во германската покраина Баварија.