Да помогнеме: Велешанката Лилјана Илова се бори со најтешката болест, потребно е да се лекува во Турција
Четириесет и три годишната велешанка Лилјана Илова, на својот фејсбук профил објави статус во којшто ја опишува својата здравствена состојба и бара помош од сите хумани сограѓани и граѓани на Република Македонија. Лилјана е сопруга и мајка на две малолетни деца и две години се бори со најтешката болест – Карцином. Во својот статус таа објаснува дека до сега има направено две операции, има примено безберој хемотерапии, имунотерапии, зрачења и илјадници пари потрошени но, за жал, безуспешно и болеста се повеќе прогресира.
-Во Македонија повеќе нема терапии за мене и единствен излез за продолжување на моето лекување е да заминам во Истанбул, Република Турција. Со оглед на претходното лекување ние сме исцрпени и единствено решение е Вие ХУМАНИ ЛУЃЕ да ми помогнете. Лекувањето чини 35 000 евра кои ние повеќе не сме во можност да ги обезбедиме без Ваша подршка. Јас, мојот сопруг и моите 2 деца Ве замолуваме да ни помогнете да ја поминам оваа битка успешно, пишува Илова.
Отворени се донациски броеви и тоа на Телеком 143 120 и на А1 143 478.
Уплата на жиро сметка
240 297 014 000 708 -УНИ БАНКА
Цел на дознака:Лекување за Лилјана
За донации од странство:
IBAN CODE MK 07250780007507678
SWIFT INSBMK22
IGORCHE ILOV
BLAGOJ GJOREV BR.203 VELES
Cel na doznaka: Lekuvanje za Liljana
-Вашите 100 денари значат живот за мене!, пишува Илова.