Македонија

Да му помогнеме на Леонид

Младиот Леонид Индов се уште е на болничко лекување во соседна Грција, каде докторите се борат за неговиот живот.

Поради висината на трошоците, пред неколку дена хуманитарната организација „Свети Спас“ упати апел за собирање финансиска помош за 18-годишниот Лео кој по несреќата во Грција бил хоспитализиран се уште е на интензивно лекување во болницата во Солун.

– Има повреда на третиот, четвртиот и петтиот пршлен, поради што дише на апарати и не може да ги движи своите екстремитети. Храбро помина неколку хируршки зафати, но понатамошните медицински третмани и рехабилитација освен што од него ќе бараат многу сила, чинат и голема сума на финасиски средства. Драги добри луѓе, за оваа борба за животот на Леонид, потребни се 200.000 евра – напишаа од организацијата во нивнио апел.

Кон нивниот апел се приклучи и општина Гази Баба. Градоначалникот, Бобан Стефковски на општината објави дека ќе се вклучат со финансиска помош за лекување на младиот Лео.

– Донесов решение со кое доделуваме финансиска помош за лекувањето на младиот и талентиран Леонид кој по тешка несреќа која се случила пред две недели се соочува со сериозен здравствен предизвик за што неопходна му е нашата помош и поддршка.

– Сите заедно да се обединиме во хуманоста и да помогнеме младиот Лео да закрепне.

– Ве повикувам сите да се приклучите со донирање преку повик на телефонските броеви:

А1: 143 500

Телеком: 143 118

Да бидеме хумани и да помагаме, бидејќи младиот Леонид заслужува да живее, а секој од нас може да се најде на другата страна од приказната.
Посакувам на младиот Лео брзо оздравување – напиша Стефковски на Фејсбук.

Поврзани вести

Back to top button