Македонија

Чичко Цобе уште не е погребан, фалат уште 4.000 денари

Изминаа речиси два месеци од немилиот настан во Скопје, кога беше претепан Слободан Минциковски, познат како чичко Цобе. Тој набрзо им подлегна на повредите а се уште недостасуваат средства за негов погреб.

Од организацијата „Љубезност“ информираа дека треба да се соберат уште 4.000 денари за Слободан да биде достојно погребан.

Слободан Минциковски продаваше стари книги, списанија и учебници во една од дрвените куќички покрај кејот на Вардар во делот на „Дрво Декор“. Тука беше постојано, спиеше, се хранеше и продаваше. Пред една година едниот син загинува во сообраќајка.

Тој не е евидентиран како бездомник, затоа што имал куќа на негово име во едно скопско село, не примаше социјална помош. Слободан има син и ќерка кои не се во можност да ги покријат во целост трошоците.

Повеќе информации ќе добиете во организацијата „Љубезност“.

https://www.facebook.com/ljubeznost/

ФОТО – ЉУБЕЗНОСТ

Поврзани вести

Back to top button