Живот

Чарли Шин неславно пропаѓа: Има милионски долгови, животот му се претвора во пекол

На контроверзниот холивудски актер Чарли Шин (50), полека но сигурно му потонуваат сите бродови. Има проблеми на сите животни полиња.

Актерот неодамна призна дека е ХИВ позитивен, води судски спор со поранешните сопруги и љубовници, тоне во долгови, а покрај сето  неговата поранешна сопруга Брук Мулер не се откажува од алиментацијата со месечен износ од 55.000 долари.

Додека ја снимал серијата „Два ипол мажи“ Чарли заработувал речиси 800.000 долари месечно, но тие времиња се поминат. Актерот не добив филмски ангажмани бидејќи повеќето продуцентски куќи не сакаат да соработуваат со него поради неговиот избувлив карактер и разните зависности.

Трошоците за лекувањето се огромни и неговото богатство  многу брзо се троши. Неодамна Чарли објавил дека има долгови во износ на 12 милиони долари,а упатените тврдат дека тоа е само дел од неговите долгови.

Во неодамнешно интервју за еден американски магазин, актерот изјавил дека со адвокатите сака да направи нови договори со поранешните сопруги бидејќи едноставно не е во можност да исплаќа алиментација.

Чарли отркил и дека 10 милиони долари потрошил за да ги замолчи луѓето кои му се заканувале дека се ќе откријат за неговата болест во медиумите, но на крај сам признал дека има ХИВ , кога веќе немал друг излез.

Тој им порачал на луѓето кои го уценувале дека тие пари ги земале од неговите деца. Многу е веројатно дека поради овие проблеми актерот наскоро ќе објави банкрот.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button