Македонија

Бугарски коњи илегално влегуваат во Македонија и пустошат ниви (ВИДЕО)

Веќе неколку сезони жителите од пехчевското село Спиково без успешно ги бранат нивите и овоштарниците од стадо бугарски коњи, објави ТВ Стар.

Гледачи на ТВ Стар јавуваат и апелираат за решавање на овој личен но според нив и меѓународен проблем.

– Има луѓе што направиле големи викендици и овоштарници, а во нивите садат секакви градинарски култури, но не напаѓаат коњи од Бугарија, затоа што нашето село е 2 километри од границата. Речиси секогаш се над 50 коњи и кои кога ќе влезат во овоштарникот, газат, јадат и пустошат – вели гледачот на ТВ Стар.

За овој проблем сопствениците се жалеле на многу места, дури и кај градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски.

– Има повеќе од шест месеци и сме запознаени со проблемот, а бевме известени и од МВР. Сметам дека ние како локална самоуправа, заедно со надлежните министерства, треба да направиме напори за да им излеземе во пресрет на нашите сограѓани за да можеме да го отстраниме тој проблем – вели градоначалникот Тренчовски.

Иако проблемот наизглед е банален, тој сепак има меѓународна тежина и како ваквите бизарни случаи се решаваат во Европа.

– Не се граѓаните тие кои треба сами да го решаваат проблемот, треба да се обратат до државата, а потоа таа да најде решение за проблемот, а за штетите може и да бараат надомест и во европските судови – вели поранешниот судија во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска.

Поврзани вести

Back to top button