Живот

„Биолошка бомба“: Заразени 40.000 навивачи кои биле на фудбалски натпревар

– Не знаевме што се случува, вирусот почна да се проширува, луѓето доаѓаа во групи и имаше физички контакти – вели градоналникот на Бергамо, Гари.

Градоначалникот на Бергамо, Џорџо Гари рече дека сите навивачи кои беа на натпреварот Аталанта-Валенсија се заразени со коронавирус.

Екипата од Бергамо беше домаќин на шпанскиот клуб на 19 февруари на стадионот „Сан Сиро“ во Милано, бидејќи стадионот на Аталанта не ги исполнува условите за играње на натпревари во фудбалската Лига на шампионите.

Тоа беше „биолошка бомба“, која и придонесе за ширење на вирусот во северот на Италија.

– Првиот пациент во Италија е регистриран на 23 февруари и не знаевме што се случува. Вирусот беше меѓу нас, а ние немавме идеја дека 40.000 луѓе на „Сан Сиро“ се заразени. Вирусот се пренесуваше, луѓето доаѓаа во групи и имаше физички контакти – потврди Џорџо Гари.

Прочитајте и… Заболени осудени и притворени лица нема, од 11 март забранети се контакти со надворешниот свет
И италијанскиот имунолог Франческо ле Фоке изјави дека овој меч беше еден од клучните фактори за ширењето на коронавирусот во Бергамо.

Во Италија, спрема најновите информации, има 69.176 заразени и 6.820 починати од коронавирус. Инаку Бергамо е дел од Ломбардија, моментно најзагрозена област во светот.

Поврзани вести

Back to top button