Билјана Ванковска: Ние може и да умреме, ама тие ќе се возат во мерцедеси
Професорката Билјана Ванковска, на фејсбук напиша како барала да дојде брза помош за нејзината мајка.
„Ние може и да умреме, ама тие ќе се возат во мерцедеси.
Никогаш не го раскажав тој момент од смртта на мајка ми. Додека лежеше дома со инфузија и медицинска сестра до неа (приватно платено, се разбира), почна да дише тешко. Ме фати паника и свртев на Брза помош. Објаснувам што е проблемот и барам итна помош. (Патем, живеам на 5-6 мин од Букурешт). Момчето од другата страна ми бара да ја слушне лично пациентката, жена нс 90 години која не може да дојде до здив. Почнав да викам. Тој дрско: па што е проблем да ми ја дадете на телефон пациентката? Тогаш почнав да го псујам и да му се заканувам дека ќе се најде на насловна страна ако и се случи најлошото. Тој навреден: ама, госпоѓо, се заканувате, ќе ве тужам! Јас: да, ти си закана по живот на една жена и јас ќе те тужам ако не пратиш возило!
Дојдоа за неколку минути, мајка ми веќе падна во кома. Немаа човек да помогне да се изнесе од дома. Тој хорор нема никогаш да го заборавам.
Ова е земја за умирање, живот има само за моќните и богатите,“ напиша таа.