ЖивотТоп

Белградски доктори извадиле тумор од половина метар: Пациентката не знаела што и расте во стомакот

По извршените прегледи, како што раскажал докторот, било констатирано дека ситуацијата е многу сериозна и дека итно е потребна интервенција, па Александра била оперирана на 9 јануари.

Белградски тим на доктори во тамошниот Ургентен центар, на чело со хирургот Васко Тошиќ, извадиле тумор од 46 сантиметри од пациентката Александра Димитров, со што е направен нов подвиг во здравството, пренесува  Телеграф.рс.

– Александра дојде на преглед пред Нова година, а неа ја донесе нејзиниот сосед, бидејќи пред неколку месеци таа ги загубила родителите. Оттогаш тој се грижи за неа. Кога и ги направив првичните анализи на пациентката, заклучив дека е можно д се работи за тумор. Потоа побарав дополнителни анализи, магнетна резонанца, како и тумор маркер и гинеколошки преглед – рекол Тошиќ за Телеграф.

По извршените прегледи, како што раскажал докторот, било констатирано дека ситуацијата е многу сериозна и дека итно е потребна интервенција, па Александра била оперирана на 9 јануари.

– За веме на операцијата извадивме тумор кој беше долг 46 сантиметри, а широк 37. И покрај големината на туморот имавме голема среќа, бидејќи тој не зафатил ниту еден орган во стомакот – рекол Тошиќ за Телеграф.

Александра подолго време чувствувала болки во стомакот, меѓутоа пред соседот да ја однесе во болница, таа не ни претпоставувала дека може да станува за вака сериозна здравствена состојба.

Поврзани вести

Back to top button