Бебето Мухамед има само 16 месеци, а тежи 28 килограми, носи облеката од татка си (ВИДЕО)
Мухамед Кензи Алфаро од Индонезија има само 16 месеци, но има 28 килограми и носи пелени со големина ХХХЛ, пишува „Дејли мејл“. Во семејната куќа во Бандунг Регенси, Индонезија, тој ѝ се насмевнува на мајка си додека таа се бори да го помести во исправена положба.
Мајка му Питрија објаснува дека Кензи повеќе не може да се смести во неговата количка, а на родителите им е тешко да го подигнат додека тој не може да се држи исправено.
Мајката вели дека Кензи понекогаш мора да ја носи облеката од татка си.
Кензи имал 4,5 килограми при раѓањето што е многу, но обично не е причина за загриженост бидејќи повеќето бебиња тежат приближно толку килограми при раѓање.
Но, во изминатата година порасна до тој степен што му треба редовна медицинска нега и посети. Неговите родители и лекарите сега ги чекаат резултатите од тестовите направени во болницата „Хермина Бекаши“.
Bayi 16 Bulan di Bekasi Memiliki Berat Badan 26 Kg, Orang Tua Sulit Menggendong
•••Balita yang mengalami kelebihan berat badan atau obesitas bernama Muhammad Kenzi Alfaro (16 bulan) asal Kabupaten Bekasi, Jawa Barat sudah ditangani tenaga kesehatan dengan menjalani rawat pic.twitter.com/Vt91qVJRGd
— Kodok Ijo 🐸 (@Midjan_La_2) February 23, 2023