Бебе на вегански пар починало од неухранетост, го хранеле со овошје и зеленчук
Бебе било прогласено за мртво откако мајката се разбудила и забележала дека не дише и е ладно.
Шеила (35) и рекла на полицијата дека момчето е родено дома и никогаш порано не видело лекар. Бебето на веганскиот пар починало од тоа што не го хранеле речиси со ништо освен овошје и суров зеленчук, велат од полицијата.
Кога починало, таа рекла дека не јадело храна една недела – мислела дека тоа е затоа што му излегувале заби – и го доела.
Двојката е обвинета за несовесно убиство и занемарување на дете.
Полицијата соопшти дека мајката Шеила, домаќинка, му рекла на детективот дека го доела синот околу 4 часот по полноќ, кога почнал тешко да диши.
– Била загрижена оти тоа прв пат се случило, но таа не повикала помош затоа што заспала, велат од полицијата.
Бебето е прогласено за мртво во семејниот дом во Кејп Корал, Флорида, откако неговата мајка се разбудила и забележала дека не дише и е ладно. Таа се јавила во 911 додека нејзиниот 30-годишен сопруг се обидувал да го оживее момчето.
Смртта на момчето била предизвикана од неухранетост, вклучувајќи дехидрираност, проблеми со црниот дроб и отекување на рацете, стапалата и долните нозе, откри обдукцијата. Шеила им рекла на полицајците дека нозете на детето биле отечени неколку недели порано и дека тоа не шетала како порано.
Полицијата соопшти дека момчето тежело само 4,8 килограми.