Апел за помош: Да му помогнеме на 46-годишниот Светозар Младеновиќ
Апел за помош до сите хумани луѓе за помош на 46-годишниот Светозар Младеновиќ на кого му е дијагностициран тумур на панкреасот.
„На 46 годишниот Светозар Младеновиќ му е дијагностицирано Z03.1 – Опсервација за претпоставена малигна неоплазма; E16-други заболувања на внатрешната секреција на панкреасот, при што е предложена итна операција за отстранување на тумурот на панкреасот. По консултација со стручни лекари, а поради специфичноста на поставеноста на тумурот и зафатеноста на крвните садови, единствена можност да се изведе оваа операција е во приватната болница „Аџибадем Систина“ во Скопје која е опремена со потребната апаратура.
За оваа операција ни се потребни 10 000 евра. Поради горе наведеното ве замолуваме да ни помогнете, секој кој е во можност да донира.“-стои во повикот.
Сметка за донација 240177117889072
УНИ Банка.