Топ

Апасиев: СДСМ во моментов купува 5 пратеници, добивам закани по живот

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на „Канал 5 ТВ“ изјави дека СДСМ купува пет пратеници.

„Имам две ексклузивни информации. Во моментов додека зборуваме се прави обид за купување на пет пратеници од страна на СДСМ. Јас ги знам и по име и по презиме и по детали. Се подмитуваат со станови во Скопје, сумата се движи од 100 до 500.000 евра за да преминат во таборот и сето ова е недозволиво во еден систем кој претендира да биде европски“, изјави Апасиев

Тој во емисијата тврдеше дека добива закани.

„За втор пат, добив закани по живот за мене и за моето семејство бидејќи знаат дека не можат да ме поткупат и тоа доаѓа од две структури. Од структурата на Пендаровски преку Агенција за разузнавање со радикални елементи за кои ќе го документирам случајот и со мојот адвокатски тим. Чекам да стекнам пратенички имунитет, па да покренам процедура. Другата закана е директно од Заев преку еден негов пајташ во изборната едница 3 на кој јавно му порачувам дека не треба он да ме бара, туку само уште еден збор да ми прати или било што да ми се закани, не он да ме најде, јас ќе го најдам него за 24 часа. Кога нема систем да те штити, ти си должен да се самозаштитиш. Најодговорно кажувам дека мене ми се заканува и дека ова нема така да помине“, истакна Апасиев.

Поврзани вести

Back to top button