Живот

Анастасија Богдановска: Ја чекаме ќеркичката и вежбаме готвење

Иако и сега голем дел од денот ѝ е посветен за работата, сепак таа успева да вежба јога за трудници, а и може да се посвети на уште една нејзина страст-сликањето

Епидемијата на корона вирусот ја остави дома водителката и уредничка на утринската програма на телевизија Алфа, Анастасија Богдановска. Таа има причина повеќе да биде исклучително внимателна кога е во прашање здравјето зашто е бремена и за некој месец треба на свет да донесе ќеркичка. Со нејзината долгогодишна љубов, вереникот Богдан Илиевски, во нивниот дом експериментираат кога е во прашање храната, и тренираат да бидат добри родители. Велат дека имаат од кого да научат за воспитувањето кога се во прашање деца, зашто и двајцата имаат грижливи родители кои израснале добри личности.

Анастасија е пресреќна за новата улога.

-Од самиот момент кога дознавме дека ќе станеме родители сме пресреќни и го чекаме секој нов ден и секоја новина која ја носи бременоста. Апсолутно сме подготвени за новата животна улога која нѐ очекува и знам дека ќе бидеме одлични родители. Веќе ги одбројуваме последните месеци и постепено се подготвуваме за новиот член на нашето семејство.

Нова улога во вистинско време

Вели дека поддршката доаѓа од сите страни.

– Среќни сме што и мене и Боби (вереникот) нѐ имаат пораснато прекрасни родители кои завршиле одлична работа со воспитувањето, па имаме од кого да учиме. Секако добредојдени се сите совети и искуства. Иако сметам и дека родителството е искуство кое е различно за секој пар и секое дете, исто така сметам дека има одредени работи кои се безвременски, а тоа е чесноста, доброто однесување, праведноста и вербата во себе кои се вредности кои треба да ги поседува една личност, смета Анастасија.

Во животот сѐ се случува во вистинско време, токму во оној момент кога треба да се случи, па вели дека веројатно затоа новата животна улога и доаѓа во момент кога имам застанато со цврсти нозе на професионално поле. ”Mислам дека нема да ми претставува проблем во периодот кој е пред мене да се посветам максимално во улогата на мајка”.

ПОВЕЌЕ ВО vecer.press

Поврзани вести

Back to top button