Живот

Ана Ивановиќ и Швајнштајгер ќе се венчаат во Белград

Иако сите медиуми веќе неколку пати ги венчаа, српската тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастиан Швајнштенегер конечно ќе го изговорат судбоносното „да“ во јуни, и тоа во нејзиниот роден град – Белград.

ана

Според пишувањето на српскиот портал „Б92“, тенисерката и фудбалерот одлучиле да ја крунисаат својата љубов со брак, а наводно се одлучиле за свадба во Белград. Терминот е одбран со причина, бидејќи Бастиан тогаш има пауза помеѓу играњата за Премиер Лигата и Европското првенство. Точната локација на свадбенета церемонија во Белград ја чуваат во тајност за да можат да уживаат во својот ден без медиумска придружба.

„Ана изнајми една агенција за организација на венчавањето, бидејќи има многу обврски околу тенисот. Сепак, секојдневно се слуша телефонски со луѓето од агенцијата и им помага околу сите детали – додал извор.

Капитенот на германската репрезентација е во врска со убавата тенисерка од септември 2014 година, а пред тоа ги врзуваше долгогодишно пријателство. Бастиан поради Ана по седум години врска ја остави манекенката Сара Бранднер, а двојката по помалку од две години се одлучи за брак.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button