Директорот на „Салинен Австрија АГ“, Петер Унтерспергер, бара од Германија, во врска со поскапувањето на гасот, отворање на гасоводот „Северен тек 2“. Тој изјави за агенцијата АПА.: „Американците воопшто не се оштетени од санкциите, тие профитираат од нив, а Германија и Австрија си пукаат во колено“.
Според него, ЕУ направила големи грешки и на Украина никогаш не требало да ѝ биде понудено членство во НАТО. Но, сега не може ништо да се врати назад, бидејќи Европа би го изгубила својот углед.
Веќе во јануари, пред војната во Украина, компанијата го намали производството за 20 отсто поради цената на енергетските производи, јави Танјуг. Сега, вели тој, ситуацијата е уште полоша.
Унтереспергер рече дека се намалуваат однапред купените количини енергија и дека компанијата е се поизложена на пазарните цени, кои само делумно може да ги пренесе на клиентите. „Досега успеавме да проследиме само 10 до 12 отсто, а ни требаат 25 до 30 отсто“, рече тој. Посочи дека производството и натаму е за 20 отсто помало и така ќе остане до крајот на годинава. И покрај тоа, тој очекува избалансиран до малку позитивен резултат за тековната деловна година.
Унтерспергер смета дека политиката ги оставила бизнисмените на цедило.
„Зошто порано не се префрливме на обновливи извори на енергија? Ако гасот е поевтин, како претприемач, не можам да кажам затоа што е одржлив и толку убав ќе купам зелена енергија од фарма на ветер која е двојно поскапа. Јас не сум Каритас“, рече тој.
Исто така, тој ја критикува австриската влада за воведувањето данок на јаглерод диоксид, како што вели, што влијае на конкурентноста во споредба со Германија.
Нашите конкуренти добиваат огромни суми пари, а ние идиотите седиме на суво и мораме да платиме 400 евра за мегават-час“, додаде тој во изјава за агенцијата АПА.