Многу источноевропски криминалци решиле да го освојат северот на Англија за ги продаваат своите речиси чисти хероин и кокаин, кои ги купуваат од јужноамериканските картели.
Но, тоа значи дека наидуваат на локални банди на места како Престон и Блекпул, предизвикувајќи судири.
Еден член на британска нарко банда рекол дека овој месец бил нападнат од албански дилер.
Поради тоа сега со себе носи кука за месо и кујнски нож од 30 центиметри.
“Ако морам некој да забодам, ќе го направам тоа”, рекол тој за “Daily Star”
Албанските банди продаваат чист кокаин, принудувајќи ги британските трговци да произведуваат почисти производи, а познати се и по тоа што се достапни на телефон 24 часа дневно.