Ако постојано смислувате глупави шеги можеби имате психичко нарушување
Американецот Дерек и создавал многу маки на неговата сопруга со шегите што посотјано ги смислувал.
Тој секоја ноќ ја будел да и раскаже нова шега, која која му „паднала на памет“, а кога таа повеќе не можеле да го истрпи тоа, му рекла сите шеги да ги запишува, наесто во истиот момент да и ги раскажува.
Набрзо, Дерек исполни 50 страници од бележникот на неговите шеги како:
– Отидов на полагање на возачки испит, а тие ме испратија на преглед на видот. На плочата пишуваше: ABCDEFG, HIJKLMNOP, QRS, TUV, WXY и Z. Јас им реков: „Сега кога сум абецеда, може ли да добијам возачка дозвола“.
– Како да се ослободите од гладот? Не се доближувај до шведската маса.
Голем дел од шегите кој ги смислил биле вулгарни, а на неговата сопргуа по пет години слушање шеги и било премногу.
Како што јави Би-Би-Си, бидејќи Дерек манифестирал и други форми на чудно однесување, како крадење благи работи од продавниците, таа му закажа преглед кај неврологот Марија Мендез од Универзитетот во Калифорнија,
– Во текот на разговорот Дерек цело време се шегуваше. Ми беше тешко да го прекинам, наведува Мендез во труд за неговата состојба објавено во списание наменето за невролозите.
Мендез на Дерек му дијагностицирала психичко нарушување наречено Вицелш, односно „зависнсот од шеги“, кои е префизвикано од двата мозочни удари што ги доживеал во период од пет години.
Во историјата се дијагностицирани неколку такви случаи и тие најчесто се последица од повреди на фронталниот лобус.
Дерек пред 10 години имал мозочен удар, по што почнал да оди по кантите за отпадоци и да собира се што може да се рециклира. Потоа тој доживеал уште еден мозочен удар, па кој почнал да раскажува шеги кои му биле смешни само нему.
Мендез објаснува дека кај пациентите со ова нарушување се активира центарот за задоволство во мозокот секогаш кога смислуваат некои шеги и потоа доживуваат напливи на допамин.
Лек за ова нарушување нема.