Македонија

Ахмети: После двајца Нобеловци-Албанци, државава и со премиер Албанец

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети од Кичево им порача на Албанците дека иако Македонија има двајца Албанци-нобеловци, може да назначи и премиер Албанец за кого рече дека ќе ја почитува земјата. Ахмети истакна дека целиот регион и светот зборуваат за оваа одлична идеја на ДУИ и оти по 16 јули ДУИ ќе одлучи кој го формира мнозинството.

„Ова место извади двајца нобеловци, Мајка Тереза и Ферид Мурат. Зошто Македонија и Македонците се горди на овие двајца? Зошто да не се гордеат и со премиерот Албанец? Додека оваа земја има двајца нобеловци, може да има премиер Албанец. Тоа е во чест на оваа земја“, изјави Али Ахмети, лидер на ДУИ .

Поврзани вести

Back to top button